vesti24.mk
АВТОМОБИЛИ ТЕХНОЛОГИЈА

Ова е визијата на Тесла за 2017-та година

ECA

Tesla Motors забележа одлична 2016-та година со претставувањето на новиот Model 3, новите батерии и соларните покриви.

Компанијата секако нема да сопре ниту оваа година. Од Tesla Motors, името го променија во Tesla, започнаа со унапредување на автопилотот и сега се планираат да бидат вложени милијарди долари за развој на нови автомобили.

Првиот човек на компанијата, Илон Маск има уште многу други големи планови за компанијата, тргнувајќи од амбициозната мрежа за споделување на автомобили. Имено, Маск минатата година најави мрежа на превоз на автомобилите на Tesla, така што сопствениците преку посебна апликација ќе можат да дозволат нивниот автомобил да биде користен и така ќе можат да заработуваат.

Маск исто така најави дека автомобилите на Tesla до крајот на 2017-та година ќе бидат доволно автономни за да можат сами да возат од Лос Анџелес до Њујорк без никаква грешка, а на крајот и сами да паркираат.

Tesla и Panasonic веќе започнаа со производството на новите батерии во “Gigafactory”. Двете компании имаат намера да го зголемат производството на постоечките и да започнат со производство на нови батерии за новиот Model 3. Ефикасноста на фабриката е многу важна затоа што ќе помогне да бидат намалени трошоците, а новиот модел да чини помалку од Model 2.

Еден од плановите е Tesla да започне со производство на соларни покриви и ќелии во новата фабрика во Бафало. Се чини дека компанијата на Маск е на добар пат со роковите со оглед на тоа што во фабриката се вработувале се повеќе луѓе.

Се планира да се одржи и нова презенација за Tesla Model 3 која што на публиката ќе ѝ открие повеќе важни детали за автомобилот. Имено, се уште не е познато како ќе изгледа внатрешноста на автомобилот. Потоа, од средината кон крајот на годината се планира да започне со самото производство.

Како еден од овогодишните планови, Маск најави и редизајнирање на фабриката. Во желбата да стане најдобар производител на светот Маск вели дека „Како машина која што произведува машина, потребно е повеќе да се обрне внимание на фабриката, отколку на главниот производ. Во големото производство, фабриката станува повеќе производ од самиот производ“.

Еден од плановите на Илон Маск до крајот на оваа година е и пронаоѓање на локација за изградба на уште една фабрика на Tesla која се планира да биде сместена во Европа.

извор:точка

Loading...

Related posts