ВЕСТИ СВЕТ

Ова е Дмитриј, ветеранот за кој зборува Русија и светот после случајот во парадта на денот на победата

ECA

Видео-снимката на која рускиот претседател Владимир Путин штити ветеран на парадата на Денот на победата од претседателското обезбедување, станала хит на руските социјални мрежи. Се воспоставило дека ветеранот и Путин се знаат од порано.

Пензионираниот генерал-мајор Дмитриј Сиркашев (94), рекол дека бил повикан во воената служба кога имал помалку од 17 години. По само шестмесечна обука, младиот војник веднаш бил пратен на фронт.

Првата голема операција во која Сиркашев учествувал била Битката за Смоленск во 1943. година, стратешка офанзивна операција со која Црвената армија го започнала ослободувањето на Смоленск и Бријанската област во Западна Русија.

Советите се соочиле со жесток отпор на нацистичките трупи, кои се утврдиле во овој регион, но по неколку пробивања, ослободени биле неколку градови.

Сиркашев во тоа време бил меѓу првите војници кои влегле во ослободениот Смоленск. За своите активности во таа операција бил одликуван со медал за храброст. Подоцна учествувал во летната офанзива во 1944. година во Белорусија. Сиркашев токму оваа операција ја опишува како една од најтешките битки.

“Борбите беа тешки. Таму бев и ранет. Куршум ме погоди во препон и ми мина веднаш покрај ‘рбетот. Отидов во болница, а на првата линија на фронтот бев повторно по само три месеци”, рекол Сиркашев.

Тој после тоа учествувал во ослободувањето на Минск, а потоа и Балтичките држави. Втор пат бил ранет во советскиот напад на Кенигсберг, денешен Калињинград.

Едно време Сиркашев се борел и на јапонскиот фронт, а по завршувањето на Втората светска војна станал активен во руската војска, каде дошол до чинот генерал-мајор.

Сиркашев е стар познаник на Путин, бидејќи имале можност да разговараат во текот на претходните прослави по повод Денот на победата. Сиркашев вели дека “инцидентот” со обезбедувањето на Путин не е толку важна работа. Веднаш по туркањето, Путин и Сиркашев продолжиле да одат. “Ме прашуваше за здравјето”, рекол Сиркашев.

Путин го испратил Сиркашев до Гробот на непознатиот јунак, каде положил цвеќе заедно со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

 

Loading...

Related posts