vesti24.mk
ЗАБАВА

Ова масло ќе ви помогне да ги оставите цигарите

ECA

Консумацијата на рибино масло во форма на омега-3 масни киселини може да ви помогне да се откажете од цигарите.

Истражувања покажале дека пушачите кои консумирале одредена количина омега-3, пушеле 10 отсто помалку цигари, односно почнале да чувствуваат помала желба за пушење. Потоа следела споредба со група испитаници подложена на плацебо ефект, кај кои немало намалување на бројот испушени цигари на ден.

Недостигот на омега-3 масни киселини често се сретнува кај хроничните пушачи. Кај човекот тоа води до оштетување на нервните клетки и врската меѓу нервите во делот на мозокот којшто е одговорен за контрола на потребите. Тој своевиден прекин на доток информации пак, влијае на потребата од цигари.

Резултатите од експериментот покажуваат дека омега- 3 масните киселини се „наш сојузник при откажувањето од цигарите“ и оти, за разлика од други средства, тие не предизвикуваат несакани појави.

Така, препораката гласи дека пушачите треба да внесуваат повеќе производи како сардини, скумрија, лосос, но и зејтин, јаткасти плодови и сончоглед.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts