vesti24.mk
ЗАБАВА

Ова се најмодерните модели на бикини за ова лето: Најхрабрите во нив ќе ги излудуваат мажите на плажа (ФОТО)

ECA

Се приближуваме до нашите омилени летни денови, што значи дека одморот е близу, а со него најчесто доаѓаат море, песок, плажа… Затоа итно ни требаат нови бикини.

Неколку парчиња ќе бидат особено модерни летово, па модните блогерки веќе се луди по нив. Но, сепак,  проценете дали и Вие сте доволно храбри да ги облечете на себе.

Првите се  бикини кои наместо да ги покриваат, ги откриваат градите. Долниот дел од градите во нив не е покриен, односно  горниот дел од бикинито има еден вид деколте не само одозгора, туку и одоздола.

Вториот популарен модел за ова лето  се таканаречените „мини-бикини“ кои  не се непознати до сега и повеќе откриваат отколку што покриваат, па затоа се само за оние најхрабрите со извајано тело.

Овој пат и оноа малку покриеното е уште пооткриено, бидејќи со новиот модел „skinny dipping“ речиси и ќе нема што да ви се натопи, зашто  страничните врвки на овој модел и на горниот и на долниот дел од бикинито се направени од проѕирен силикон, така што на вас останува да носите едвај некој сантиметар „крпче“.

Третиот модел кој е мошне популарен и модерен ова лет, всушност е едноделен, но минималистички костим за капење во три слични модели:

Fearles – за оние „бестрашните“ кои не се плашат да покажат со какво тело располагаат, па и повеќе од тоа…

Scandal –  за оние што им годи да го привлекуваат туѓото внимание и влажните погледи…

Cut me loose – „испресечен“ од сите страни, за полесно до телото да допрат сиончевите зраци, а и туѓите погледи.

Избор секако не само за најзгодните, туку и за најхрабрите дами кои имаат што да покажат… На плажа или крај базенот!

извор:курир.мк

Loading...

Related posts