vesti24.mk
ЗАБАВА ЉУБОВ И СЕКС

Овие знаци покажуваат дека во вашата врска повеќе нема страст

ECA

Ако почувствувате дека работите се промениле, не е време за „забуна“, туку за работа на врската.

Понекогаш животните обврски нè носат во погрешна насока, кога е во прашање љубовта, а тоа не го забележуваме. Ако забележите некои од слетните наведени точки во вашата врска, време е да поразговарате со вашиот партнер и да промените некои работи.

Повеќе не излегувате на состаноци

Ако излегувањата ви се сведуваат на семејни ручеци и свечености кои сте „должни“ да ги завршите, тоа значи дека е време за сериозен труд и разговор. Обидете се да го изненадите, пред тој да го направи тоа. Дали ќе му направите вечера или ќе купите карти за во кино, останува на вас, а ако не ја сфати пораката која сакате да му ја испратите, тогаш едноставно отворено кажете му сè.

Делува незаинтересирано за вашиот живот

Ако гледате дека вашите приказни му се здодевни и дека е отсутен додека му зборувате, „раздрмајте го“ и прашајте го што се случува со него. Можеби позади тоа едноставно се крие замор и проблеми кои досега не ги споделил со вас.

Ви изгледа како да не го интересираат луѓето кои вам ви се важни

Ова може да биде сериозен проблем, но може и едноставно да биде погрешно изразување од негова страна. Отворено кажете му што ве измачува и дајте му прилика да го исправи проблемот, ако навистина му е важно тоа.

Имате чувство дека повеќе немате поддршка од него

Ако ви изгледа како во последно време постојано нешто да приговара и негодува, немојте да молчите, туку едноставно поразговарајте со него. Можеби и него нешто го измачува, па се обидува на погрешен начин да го искаже тоа. Покажете дека ви е грижа што мисли и дека го цените.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts