vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

Овие луѓе ни се потребни во животот

ECA

Во животот ни требаат луѓе кои знаат што е најдобро за нас. Не поради тоа што знаат точно, туку затоа што биле до нас во различни моменти, и научиле многу за нас. Тоа се оние кои не само што сакаат постојано да нѐ гледаат насмеани, туку кои ќе направат сѐ да се смееме постојано. Тоа се оние луѓе кои ги прават нашите ноќи посветли, а ноќите потопли.

Ни требаат луѓе кои ја знаат нашата вредност, но и нѐ потсетуваат на нашата цена. Ни покажуваат дека некогаш се продаваме преевтино и им се предаваме на луѓето кои не ни мислат добро и кои се тука во нашите животи за да нѐ повредат.

Овие луѓе се оние кои ни помагаат да се кренеме, кога светот се обидува да нѐ турне во калта. Тие не се оние кои ги истакнуваат нашите маани, туку кои ги слават нашите добри страни. Тие секојдневно нѐ потсетуваат кои сме, а особено деновите кога сме несреќни и забораваме на тоа.

Во животот ни требаат луѓе кои нѐ прифаќаат онакви какви што сме. Кои нѐ охрабруваат да бидеме подобра личност, кои ни помагаат да се чувствуваме важно, сакано и моќно. Тие се оние кои секогаш го гледаат најдоброто во нас. Тие се оние кои имаат огромно срце и се грижат за нас и нашиот живот.

Луѓето со кои го минуваме нашето време имаат огромно влијание на тоа како се чувствуваме. Затоа, наместо да се вложуваме себеси во луѓе кои нѐ повредуваат постојано, треба да ја насочиме енергијата во луѓето кои би дале сѐ за нас. Треба да научиме дека лошата енергија не ни е потребна во животот. Наместо тоа, да избереме љубов и поддршка.

Да бидеме со луѓе кои прават да се чувствуваме како да сме на врвот на светот.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts