vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Овие професии се најмногу платени во Македонија

ECA

Просечната месечна нето-плата во март годинава изнесува 28.217 денари и бележи раст од лани истиот месец за 6,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Според Статистика, највисоката плата во март била 107.022 денари. Толкава плата е исплатена во дејноста компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.

Податоците покажуваат дека по оваа, највисока плата е 73.657 денари во дејноста телекомуникации, потоа следува дејноста производство на основни фармацевски производи и фармацевски препарати со 70.008 денари. Следува дејноста финансиски услуги, освен осигурување и пензиски фондови со 66.933 и воздухопловен транспорт со 64.338 денари.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts