vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Овие хороскопски знаци се најдобри возачи

ECA

Управувањето со автомобил е важен дел од современиот животен стил, со оглед на тоа дека минуваме голем дел од денот зад воланот. Добриот возач ја става безбедноста пред брзината, има добри рефлекси и не гледа на улицата како на писта.

Кога станува збор за хороскопските знаци, припадниците на овие неколку знаци можат да се одвојат како најдобри возачи:

1. Јарец

По сите критериуми, Јарците се добри возачи. Тие се стрпливи, одговорни и добро се подготвуваат за возењето. Тргнуваат навреме, пресметуваат каде има метеж, ги проверуваат условите на патот и не се склони кон кршење на законите. Многу се внимателни со алкохолот и однапред обезбедуваат „замена“ за возач ако предвидат луда забава.

Славни јарци: Николас Кејџ, Бредли Купер, Орландо Блум, Дензел Вашингтон и други.

2. Девица

За девицата приоритет се безбедноста и доверливоста. Нејзини одлики се добро темпирање, внимателност и совесност. Таа прави сè според прописите, ризиците од несреќа и казни ги сведува на минимално. Нема изразен натпреварувачки дух и мирно им дозволува на другите да ја претекнат. Понекогаш многумина ѝ преговараат за бавноста.

Славни девици: Блејк Лавли, Крис Пајн, Меколи Калкин, Том Форд и други.

3. Бик

Внимателен и воздржан, бикот е одличен возач под услов некој да не го предизвика бидејќи тогаш подивува. Приоритет му е да го сочува здравјето на својот љубимец на четири тркала и да избегне  поправки, средби со полиција и осигурителни компании. Ако намириса ризик од штета максимално ја намалува брзината, дури ако треба ќе го забави сообраќајот.

Сака брзо возење, но доколку тоа го допуштат условите и законите.

Славни бикови Боно Вокс, Денис Родман, Кејт Бланшет и други.

За најлоши возачи се сметаат луѓето родени во знакот на Овен, Риби и Стрелци.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts