vesti24.mk
ЗАБАВА

Овој сок е најдобар за вашите деца, еве зошто треба да го пијат

ECA

Овошјата и природните овошни сокови се еден од клучните извори на хранливи состојки, а оваа листа без сомневање е предводена од јаболкото како овошје што носи бројни хранливи состојки и помага во целосниот развој на детето.

Јаболкото е вистинска мала ризница на состојки коишто позитивно влијаат на детскиот организам, затоа што содржи диетални влакна, витамини и минерали, калциум, фосфор, магнезиум и железо.

Ви треба само ова вкусно овошје и соковник.

Издвоивме ТОП 5 причини зошто да воведете 1сок од јаболко во исхраната на вашите деца, ако тоа веќе не сте го направиле.

    1. За подобар имунитет. Солидната количина на Витамин Ц што ја содржи 100% сок од јаболко, помага за зајакнување на имунитетот кај децата и превенира од сезонските вирусни и бактериски заболувања.
    2. Го снабдува организмот со природни овошни шеќери. Децата се постојано активни и трошат многу енергија, па оттаму честата потреба од консумирање нешто благо и слатко. Јаболкото како и 100% сок од јаболко е богат извор на природни и здрави, овошни шеќери. Така што консумирањето 100% сок од јаболко комплетно ја задоволува потребата на организмот од природни шеќери, а со тоа и ја намалува потребата од дополнително внесување на благо во форма на чоколади, колачи и слично.
    3. За побели и поздрави заби. 100% сок од јаболко не ги заменува четкичката и пастата за заби, но го стимулира производството на плунка во устата, со што ја намалува можноста од расипувањето на детските заби.
    4. Ги штити коските. Високата количина на калциум во 100% сок од јаболко го спречува губењето на калциум во крвта, што пак превенира губење на калциум во коските на децата.
    5. За добар сон. Детските денови, преполни со различни активности кои ја истрошуваат нивната енергија, понекогаш можат да влијаат врз сонот. 100% сок од јаболко изобилува со Витаминот Б6 што е клучен фактор за мирен сон кај вашите најдраги.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts