Uncategorized

Одлуката за изборот на Џафери објавена во Службен весник (Фото)

ECA
Од ЈП ‘Службен весник на РМ’ потврдија дека во денешниот број е објавена одлуката дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието на Република Македонија, со што тој официјално ќе ја преземе функцијата во законодавниот дом.

Денешниот број на Службен весник е отпечатен, во тек е дистрибуцијата по што ќе биде подготвено и поставено и интернет изданието,  информираат од ЈП Службен весник.


Џафери беше избран за претседател на Парламентот вечерта на 27 минатиот месец по затворањето на продолжението на конститутивната седница. За изборот на Џафери гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците, но не и од Беса.

По неговиот избор во Собранието упаднаа демонстранти, а епилогот беше неколку повредени пратеници, полицајци, новинари и граѓани.

За ВМРО-ДПМНЕ изборот е нелегитимен и со него се прекршени собранискиот Деловник, законите и Уставот.

извор:emagazin

Loading...