vesti24.mk
ВЕСТИ ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА

Од вторник повторно дожд, од среда силен ветер и пад на температурата

ECA

До понеделник времето ќе се задржи стабилно со пораст на дневната температура, а утринската уште утре во најголем дел од земјава ќе биде околу или под нулата, соопшти УХМР.

Од вторник ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Од среда ќе дува и умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови повторно намалување на температурата.

Во петок утринските температури ќе се спуштат до -5, а дневните од среда ќе бидат максимум 18 степени.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts