Uncategorized

Од полноќ нова цена на бензините и дизелот во Македонија

ECA

Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги објави новите цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ.
Актуелните случувања на светските берзи не навестуваат некои поголеми ценовни корекции.
Во моментов, барел сурова нафта се тргува за помалку од 52 долари по барел на берзата во Лондон. Оваа цена е за околу 2 долари пониска од просечната врз основа на која регулаторот ја креираше цената која се уште е на сила.
На 18 април регулаторот ги поскапи бензините за 2,5 денари по литар а дизелот за 2 денари.
За очекување е денеска да има мала надолна корекција на цените.

Loading...