vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

Османи до Бејли: Оставивте неизбришлива трага во успехот и напредокот на земјава

ECA

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со Амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли, по повод завршување на неговиот мандат.

„САД не се само стратешки партнер на Република Македонија, туку и најважен пријател со чие присуство и активно учество се остварени најважните успеси на земјава од нејзината независност“, истакна Османи на средбата, упатувајќи лична благодарност до амбасадорот Бејли, за неговиот личен ангажман, заложба и поддршка за земјава.

„Со вашите активности оставивте неизбришлива трага, не само во нашиот успех да ја оствариме нашата стратешка определба – членството во НАТО, туку и неизбришлива трага во имплементирањето на западните вредности на Балканот, на чии основи е изграден и денешниот успех во напредокот на целиот регион“ – истакна Османи

За време на средбата Османи реферираше и за неодамнешната посета на САД, каде оствари средби со високи претставници на американскиот Конгрес, меѓу кои и со Претседавачот на Комитетот за надворешна политика, Елиот Ејнџел, како и со високите претставници на Белата куќа, меѓу кои и со Помошникот заменик Државен Секретар, Метју Палмер.

Loading...

Related posts