vesti24.mk
ВЕСТИ

Османи нагласи дека ниту во време на комунизмот не се случило упад во ИВЗ

ECA

Вчера во централниот дневник на 1ТВ гостуваше Бујар Османи во функција на портпарол на ДУИ при што го коментираше упадот во ИВЗ.

„Тоа што се случи вчера го карактеризиравме како скандалозно и срамно, затоа што не можат судовите да одлучуваат кои ќе бидат поглавари на верските заедници. Тоа никогаш не било ниту во време на комунизмот, ниту сега, такво право судовите немаат. И затоа констатиравме дека е нелегален упад кој што наштетува на угледот на државата, така да тука се вмешав и како вицепремиер бидејќи навистина ми е важно пред светот да покажеме дека го почитуваме секуларното, односно немешањето на државата во верата“, нагласи Османи.

Османи додаде дека мора да се заштити угледот и имиџот на државата во немешање на верските заедници.

Ниту една институција не треба да постапи, нити централен регистар треба да постапи во смисла на запишување на таа одлука, ниту пак другите институции да преземаат бидејќи се работи за неизвршна одлука која што треба да се провери, а слушаме дека и органите на прогонот веќе го испитуваат тој случај, појасни Османи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts