vesti24.mk
ВЕСТИ

„Павле Богоевски да се повлече од функцијата пратеник поради нарушување на моралот и етиката“

ECA

-Се согласувам со премиерот дека не треба да побара оставка од пратеникот Павле Богоевски, тоа би било стварно незрело, претседател на Влада да побара оставка од пратеник. Но, не смееме да заборавиме дека тој ист претседател на Влада носи едно друго одело,а тоа е лидер на најголемата политичка партија во ова владејачко мнозинство кој што му го даде мандатот на господинот Богоевски, рече Тимчо Муцунски во емисијата „Само вистина“ за инцидентот поврзан со Павле Богоевски кој ја разбранува јавноста откако се слушна дека набавувал психотропни супстанции.

-Сметам дека е доблесно тоа што господинот Богоевски призна дека сторил кривично дело или барем тоа беше тоа што јас го прочитав од неговото јавно соопштение. По мене, исто така, би било крајно лицемерно во една ситуација каде што пратеник признава дека сторил кривично дело, во ситуација каде се работи за повреда на Кривичниот Законик, се работи и за морални и етички правила. Пратеникот одговара пред граѓаните, затоа што тој е избран, а не именуван функционер, именуваниот одговара пред Владата и Собранието. Ако господинот Богоевски го следи јавното мнение во овој момент тоа е очигледно насочено кон тоа дека заради оваа случка и одреден разговор, ако добро разбрав тој ја признава содржината на иститот, постојат сериозни индиции дека се работи за психотропни инстанци. По мене во овој момент не треба да биде пратеник во актуелниот состав. Дополнително тој може да оцени каква перцепција имаат граѓаните за него, ќе следуваат парламентарни избори најдоцна за година ипол од денес, нека се кандидира повторно да види како граѓаните го перцепираат тоа негово дејствување, посочи Муцунски.

Муцунски рече дека не е пријатно да се знае дека во Собранието има пратеник кој носи круцијални одлуки за иднината на земјата и на граѓаните, а во приватниот живот ги нарушува основните правила на морал и етика со неговото однесување кое има и кривично правен карактер. Тој рече дека тоа мора да биде правило кое ќе важи за идните функционери без разлика од која партија доаѓаат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts