vesti24.mk
ВЕСТИ МАКЕДОНИЈА

„Парни ваљак“ ќе ги забавува скопјани на новогодишната ноќ

ECA

На денешното рочиште за „крвавиот четврток“ беа презентирани докази од дополнителната листа на обвинителството. Помеѓу доказите беше и „вибер“ комуникација помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието.

Комуникацијата која ја презентираше обвинителството започнува неколку дена пред 27 април и од истата може да се забележи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, секој ден очекувале избор на нов претседател на Собранието, по што и се подготвувале како да дејствуваат.

Во комуникацијата од 12 април 2017, обвинетиот Сашо Василевски им предлага на своите колеги во Собранието да одат без кравата, бидејќи може да им пречат.

,,За колегите можеби ќе е подобро да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет. Нешто спремаат, да бидеме на готовс. Сметам дека утре мора да се случи многу народ, од 10 часот, па се до крај на собраниската седница. Да бидеме подготвени, комуњариве дефинитивно спремаат насилно преземање на Собрание”, напишал Василевски во „вибер“ групата.

Од одземените и вештачени телефони на пратениците Љубен Арнаудов и Јохан Трчуловски беше презентирана и „вибер“ комуникацијата помеѓу пратениците на 27 април, каде пратеникот Антонијо Милошоски претпоставува дека СДСМ сакала да избере претседател на Собранието во некоја друга сала, се со цел кога ќе дојде американскиот претставник Хојт Брајан Ји, да биде избран новиот претседател на Собранието.

,,Според некоја логика, СДСМ сака денес или утре да избере претседател на Собранието во некоја друга сала, со цел да има состојба на свршен чин пред посетата на Хојт Ји, кој би го признал новиот претседател. Ова е планирано да се случи во работно време од денот, за да нема народ на улица”, пишува Милошоски.

По пораката од Милошоски, пратеникот Димитар Стевананџија вели „Овај Павле, како да се токми за на говорница. Вадеше саатот”.Во исто време, пратеникот од Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски предложува во тој момент непосредно пред избирањето на новиот претседател на Собранието полека да се исклучуваат светлата во салата.

Во разговорите од „вибер“ групата на 27 април, нешто по 21 часот, Сашо Василевски го споменува и претседателот Иванов, за потоа, непознато лице околу 22 часот во групата напишало „Имаме ли некакви насоки?“, на што пратеникот Зоран Илиески одговара „Сега за сега немаме, чекаме“.

Од вештачениот телефон на обвинетиот Јохан Трчуловски, обвинителството исто така презентраше „вибер“ комуникација насловена како „Љубанци“, каде жителите на селото секојдневно се координирале за учество на протестите и за поставеноста на која позиција да стојат на 27 април.

Loading...

Related posts