vesti24.mk
ЗАБАВА ХОРОСКОП

Период на Биковите: Овните се посмирени, Раковите стануваат посесивни

ECA

Доаѓа период на Биковите. Што им носи оваа пролет на хороскопските знаци?

Овен

Следните недели, вашата импулсивна природа малку ќе згасне. Ќе бидете потрпеливи и смирени од вообичаено. Одличен период за да ја вратите комуникацијата со блиските со кои одамна не сте се виделе, но и со нови луѓе во вашиот живот.

Бик

Вашиот роденден е овој период. Овој месец ќе размислувате многу за себе и ќе погледнете назад. Ќе ви биде мило колку далеку сте стигнале. Бидете горди на себе.

Близнаци

Ќе бидете посмирени, помалку комуникативни и поповлечени во себе. Тоа ќе ги изненади другите луѓе околу вас. Не се грижете, тоа е само фаза.

Рак

Овој период ќе станете попосесивни, кон партнерот, пријателите. Ќе ви биде потребно повеќе љубов, но нема да знаете како да го покажете тоа. Посесивноста сепак не е добра опција.

Лав

Ова е период за вас самите. Ќе трошите многу, ќе уживате во животот. Едноставно, ќе правите сè што сакате. Овој период самите себеси ќе си бидете приоритет.

Девица

Ве очекува мирен период. Ќе бидете приземјени, но и поспонтани и порасположени. Уживајте во периодот.

Вага

Ве очекува период во кој ќе бидете упорни за некоја цел која сакате да ја исполните. Нема да сакате да се откажете.

Шкорпија

Ќе бидете поголеми материјалисти од вообичаено. Ќе купувате големи работи и нема воопшто да ви биде грижа како тоа влијае на вашата финансиска состојба.

Стрелец

Нема да ги сакате промени. Ќе покажувате отпор на сè што претставува промена во вашиот живот. Ќе сакате работите да останат онакви какви што се.

Јарец

Ќе бидете многу практични овие денови. Ќе сакате да штедите наместо да трошите. Нема да излегувате премногу и ќе си бидете доволни самите на себеси.

Водолија

Ќе уживате во својата слобода и независност. Ќе сакате сами да го освојувате светот.

Риби

Ќе бидете потврдоглави од вообичаено. Тоа ќе ги изненади другите околу вас.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts