vesti24.mk
ЗАБАВА

Пијанство од 17.000 фунти

ECA

Патник од Велика Британија бил толку пијан, што пилотот морал да го врати авионот на местото од каде што полетал. Неодговорниот патник сега ќе мора да плати речиси 17.000 фунти за трошоците околу залудно потрошеното гориво.

Дејвид Стефан Јанг (44) се опил на лет на компанијата „Вест џет“ од Калгари, Канада, до Лондон, што за негова среќа, се случило кусо по полетувањето. Сепак, пилотот бил принуден да го промени правецот и да го врати леталото назад. Таму, несовесниот Британец бил пречекан од полицијата, по што заработил обвинение за предизвикување вознемиреност меѓу патниците.

Јанг се изјаснил виновен и се извини за предизвиканата штета и вознемиреност. Но сепак, ќе мора да плати скоро 29.000 канадски долари (19.000 евра), колку што чини потрошениот 9.071 литри керозин.

Покрај тоа, тој доби забрана за влез во Канада на неодредено време.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts