vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

„Платите на новоотворените работни места со кои се фали СДСМ ќе бидат 200 евра!“

ECA

Платите на новоотворените работни места со кои се фали СДСМ ќе бидат 200 евра, велат од Комисијата за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

ПЛАТИТЕ НА НОВО ОТВОРЕНИТЕ РАБОТНИ МЕСТА СО КОИ СЕ ФАЛИ СДСМ ЌЕ БИДАТ 200 ЕВРА! #ТакаОвааНеспособнаВладаПланираДаГоПодобруваЖивотниотСтандардНаМакедонскитеГраѓани
Ако се земе во предвид фактот дека реалниот БДП на земјата во периодот кога СДСМ е на власт се зголемил за само 284 милиони евра, тогаш излегува дека секое работно место од 50.000 со кои се фали СДСМ дека ги креирале во овие две години создава само 470 евра месечно, наспроти 820 евра што секој работник во просек создавал месечно претходно во економијата. Тоа е пад на продуктивноста на новите вработени со кои се фали СДСМ за 75%, што значи дека тие ќе земаат 75% помала плата (или 230 евра) од просечната плата во земјата која изнесува 400 евра.

п.с. Ова е “планот за живот” со кој оваа неспособна Влада на Заев планира да го подобрува животниот стандард на македонските граѓани и да ги задржува младите да не ја напуштаат Република Македонија, стои на Фејсбук страницата на Комисија за економија на ВМРО – ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts