Uncategorized

Плејбој зајачицата ја разбеснела нацијата со разголена фотка

ECA

Плејбој зајачицата од Нов Зеланд, Џејлин Кук, се нашла на мета на критики откако позирала гола на светата планина на Маорите. 25-годишната манекенка му позирала на своето момче и фотограф Џош Шо, а на планината се качувале дури седум часа. Кога стигнале горе, Џејлин соблекла се` од себе освен патиките, ракавиците и капата и замислено се загледала во далечина, додека нејзиното момче ја фотографирало таа глетка.

Иако Џејлин се се брани дека не се искачиле на самиот врв поради почитта кон Маорите, локалното население сеедно тврди дека фотографијата е израз на непочитување.

Тој додал дека членовите на неговото семејство никогаш не се качувале на таа планина, бидејќи ја сметаат за свој предок.

„Сфаќам дека луѓето се качуваат горе, но ги молиме додека го прават тоа да покажат почит“, рекол тој.

Џејлин и Џош тврдат дека не сакале да навредат никого со оваа фотографија.

„Фотографиите не се ниту претерани, ниту експлицитни. Бевме свесни за историјата на планината, внимававме да не повредиме никого. Да се биде гол не е навредливо на никаков начин. Тоа е природно и чисто, тоа дава сила“, изјавила Џејлин.

Таа изјавила за Daily Mail дека не е изненадена од критиките кои ги добила. „Тоа е прашање на перспектива. Ние мислиме дека фотографиите се многу обзирни. По планината го собиравме ѓубрето кое го оставиле други луѓе и бевме свесни за културата“, тврди таа.

„Тоа беше импулсивно, се соблеков и го почувствував ладниот воздух“, заклучила Џејлин.

Loading...