vesti24.mk
ВЕСТИ ЕКОНОМИЈА

Повторно задолжување – Владата на 17 овој месец ќе се задолжува за нови 61, 7 милиони евра

ECA

Владата на 17 овој месец ќе се задолжува за нови 61,7 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија објавена е аукција на државни хартии од вредност во износ од 3.800.000.000 денари или 61. 7 милиони евра.

Според експертите Македонија енормно се задолжува додека капитални проекти кои се од стратешко значење воопшто не се градат. За тоа зборуваат и катастрофалните податоци на Министерството за финансии за реализацијата на капиталните инвестиции кои заклучно со месец јули изнесуваат мизерни 24,5 %.

Владата ветуваше дека ќе ги намали задолжувањата но напротив континуирано ги зголемува велат економистите . На ова алармира и експертската јавност која предупредува и на јавниот долг кој ја надмина психолошката граница и достигна над 50 % од БДП.
Истовремено и опозицијата критикува дека задолжувањата ја преминаа секоја нормална мера и дека вкупно задолжувањата достигнаа огромни 600 милиони евра.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts