ЖИВОТ МОДА

Познатата манекенка се појавила во потполно проѕирен фустан без градник на фестивалот во Кан

ECA

Познатата манекенка Кендал Џенер се појавила на црвениот тепих на 71-от Меѓународен филмски фестивал во Кан, а нејзиниот изглед ги изненадил сите.

Наместо гламур, убавицата се одлучила за фустан, кој по мислењето на многумина откривал премногу.

Една од најангажираните манекенки Кендал Џенер допатувала за Франција за да присуствува на еден од најелитните настани во светот на славните.

Специјално за оваа прилика, 22-годишната убавица носела многу ризична креација – проѕирен мини фустан кој потсетувал на мрежа, со златни светки.

Сепак, светките не успеале да го одвлечат вниманието од долната облека која таа ја носела, а брадавиците кои биле во прв план денеска ги “красат” речиси сите таблоидни списанија.

Иако Кендал е позната по храбриот моден стил и експериментирањето кое ѝ го дозволуваат годините, модните експерти не го одобруваат овој аутфит.

Кан изискува гламур, а Џенер сервирала евтина мода која на овој фестивал едноставно не е прифатлива.

извор:точка.ком.мк

Loading…
Loading...

Related posts