vesti24.mk
Uncategorized

Поморската воена вежба Морски волк 2017 се одржа во Источниот Медитеран и меѓународните води

ECA
Прецизно и со полн погодок беа погодени целите на ноќните гаѓања на вистинската поморска воената вежба Морски волк 2017ç

Поморската воена вежба Морски волк 2017 (Денизкурду 2017) со учество на началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар се одржа во турските територијални води во Источниот Медитеран и меѓународните води.

Прецизно и со полн погодок беа погодени целите на ноќните гаѓања на вистинската поморска воената вежба Морски волк 2017 која започна на 13 мај.

Во ноќниот дел на вежбата која беше под команда на командантот на морнарицата адмиралот Вејсел Ќоселе, од водечкиот брод фрегатата Кемал Реис најпрвин беше извршен напад со торпедо врз една подморница.

Веднаш потоа со бродските топови беа уништени целите над вода.

Началникот на генералштабот генерал на армија Хулуси Акар дел од поморската воена вежба во Источниот Медитеран проследи од командниот штаб и мостот на фрегатата Кемал Реис.

Поморската воена вежба Морски волк 2017 која продолжува во водите на Егејското море, Источниот Медитеран и Мраморното море и во чии рамки се тестираат низа различни и тешки маневри и акции ќе заврши на 26 мај.

 

Loading...