vesti24.mk
ЗАБАВА

После многубројните коментари за нејзиното тело се врати со провокативно “селфи” (ФОТО)

ECA

Иако одреден период ја немаше и се криеше од очите на јавноста, таа не изненади со фотографија каде ѝ се познаваат влакната на нозете и стриите, а сега објави неколку провокативни фотографии кои само за еден час собраа милиони “лајкови”. И сега сите зборуваат за тоа дека таа е повеќе посакувана од претходно.

Секоја нејзина објава на Инстаграм не може да помине незабележано, бидејќи нејзините фотографии се и тоа како провокативни.

Само што се намалија коментарите за нејзиното тело и стриите, Ријана објави уше една фотографија на која позира во црвен корсет и подвезици.

Една од најпровокативните “селфи” фотографии не ги остави многумина рамнодушни, а повеќе од три милиони следбеници ги поздравија нејзините облини кои секојдневно ги слави.

Всушност, Ријана позира во долната облека Savage Fenty која е првата линија за долна облека дизајнирана од пејачката, а сите фанови со нетрпение очекуваат да излезе во продажба. По тој повод Ријана секој ден ситно брои на Инстаграм до промовирањето на Savage Fenty.

Loading...

Related posts