vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

Постои причина поради која сум затворена личност…

ECA

Постои причина поради која моите ѕидови се толку многу кренати и постои причина поради која ќе ти треба подолго време за да ги срушиш. Постои причина поради која сум затворена.

Затворена сум затоа што сум била повредена во минатото. Сите сме биле. Мојата слабост е тоа што ја носам болката со мене како постојан потсетник дека може да се случи повторно. И додека ова е многу претпазлив начин да се оди низ животот, кога можам и диво да трчам. Но, дивото трчање направи претходно да се сопнам и да паднам и гребаниците беа болни. Толку болни што е потребно време додека повторно се обидам трчам толку брзо.

И затоа одам. И одам внимателно, внимавајќи на моето опкружување. Затоа што се грижам дека ако повторно паднам толку силно, нема да можам повторно да станам.

Затворена сум затоа што се плашам од тоа што може да го помислиш, но не доволно исплашена за да го признаам тоа. Се плашам од твоето неодобрување како што малото девојче се плаши од чудовиштето под нејзиниот кревет и засега ќе бидам тивка за да избегнам било каква незгода.

Затворена сум затоа што никој никогаш не ме заштитил како што тоа сум го правела самата. Мојот оклоп бил посилен од твојот или на тој пред тебе и ќе продолжи да биде се додека некој не ми го докаже спротивното.

Затворена сум затоа што неуспехот не ми е туѓ и иако ме има направено посилна, тој исто така направи да бидам посвесна за работите кои можат да тргнат на полошо.

Затворена сум затоа што погрешно ја вложив мојата доверба во оние коишто ја зедоа здраво за готово и поради нив, јас повеќе не верувам никому.

Затворена сум затоа што ја гледам штетата уште пред да се случи и знам дека оние коишто се среќни ќе ми кажат дека сум неразумна, песимист и колку и да звучи ова тажно, дури и кога сама се убедувам дека овој пат можеби е различно, потсетникот постојано ми ѕвони во уши.

Потсетикот дека животот ќе донесе повредување и болка и луѓето ќе те разочаруваат, но никој ја нема способноста да ги сруши моите ѕидови освен самата јас. Јас сум затворена затоа што јас одбрав да бидам таква.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts