vesti24.mk
ЗАБАВА

Почина милионерот Али: Кога дозна дека боледува од рак, со својата постапка го воодушеви светот (ВИДЕО)

ECA

Пред три години австралијанскиот милионер Али Банат дознал дека боледува од рак, а докторите му рекле дека му преостануваат уште седум месеци живот. Таа ужасна вест му го промени животот, а Али одлучил своето богатство да го употреби на многу подобар начин отколку претходно. Иако ги преживеал седумте месеци, сепак болеста била посилна и тој починал на 32 годишна возраст.

Тој бил бизнисмен од Гринкреа, југозападниот дел од Сиднеј, кој целото свое богатство го продал, а парите им ги подарил на добротворни организации откако дознал за дијагнозата.

Пред две години ја основал организацијата Muslims Around the World, чија цел е да им се помогне на сиромашните муслимани во земјите како Того, Гана и Буркина Фасо. Се проценува дека организацијата собрала оклу 2,1 милиони долари.

Банат своето богатство го стекнал со компанијата за заштита и електрична енергија, а пред да му биде дијагностициран рак, парите ги трошел за луксузен живот кој го покажуваше на социјалните мрежи.

Откако дозна за болеста, тој снимил кратко видео “Подарен ми е рак” во кое својата дијагноза ја опишува како “подарок кој му овозможи да се промени”. На снимката ги покажуваше луксузните и скапоцени работи кои ги поседува, а потоа откри дека сето тоа сака да го продаде и парите да се искористат за изградба на село во кое ќе живеат повеќе од 300 вдовици и каде ќе има училишта за 600 деца сирачиња и мали болници.

Во видеото кое го сними пред да почине, Али побарал од луѓето неговата работа да не престане после неговата смрт. Луѓето импресионирани од хуманоста на младиот бизнисмен собрале уште 1,3 милиони долари донации откако починал.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts