Uncategorized

Почина убиецот на градоначалникот на Боговиње

ECA

Од МВР во саботата информираат дека лицето коешто го уби градоналачникот на Боговиње Хазби Идризи, починало, подлегнувајќи на повредите кои си ги нанело самото по убиството на Идризи.

„Лицето Ќ.А. (53) од Боговиње кое беше повредено од огнено оруже во пределот на главата и кое беше префрлено во Ургентниот Центар Скопје, им подлегнало на повредите и починало“, соопштуваат од МВР.

Инаку, 53 годишниот Ќ.А. во саботата го уби градоначалникот на Боговиње Идризи, откако по вербална расправија испукал повеќе куршуми кон Идризи.

Набргу потоа, Ќ.А. се обидел да се самоубие, испукувајќи еден куршум во пределот на главата. Истиот со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Медицински Центар Тетово, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје, додаваат од МВР.

крај/мф/бс

Loading...