Uncategorized

Почнува изградбата на гасоводот „Турски тек“

ECA

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ за неколку дена ќе започне со изградба на „Турски тек“ за природен гас на делот на Црно Море. Според извршниот директор Алексеј Милер, подготовките се завршени и тие се подготвени да започнат со изградба на „Турски тек“.
Во очекување на конкурентноста во иднина, промената во динамиката на европските пазари, ограничениот успех на „Газпром“ во однос на Кина и повлекувањето од долгорочните договори, „Газпром“ спроведе стратегија за удвојување на инвестициите во Европа и ја обезбеди својата иднина во уделот на пазарот со изградбата на вториот „Северен тек“ и „Турски тек“.

Притоа, гигантскиот „Руски гас“ спроведе иста стратегија од две страни за да ја укине потребата за спроведување на гасот преку Украина. Ова ќе го отстрани ризикот за транзит врз основа на политички расправии меѓу Русија и Украина. Руската амбиција за извоз на гас во Кина се чини дека е сонот на гасоводот во овој момент. Иако го потпиша во голема мера политичкиот договор, Пекинг нема обврска кон конкретни услови како што се притисоците на Русија за прифаќање на многу пониски од бараната извозна цена.

Русија и Турција потпишаа договор за одобрување на гасоводот во октомври минатата година.
На крајот на април минатата година Милер истакна дека во втората половина на 2016 година, ќе се почне со положување на гасоводот и дека планираат да се заврши изградбата на две линии на „Турскиот тек“ до крајот на 2019 година.
Неодамна рускиот заменик-министер за енергетика, Јури Сентјурин, појасни дека со новиот гасовод нема да може целосно да се избегне преносот на гас преку Украина, но ќе помогне значително да се намалат ризиците што се поврзани со тоа.

Предвидено е гасоводниот систем да минува низ акваторијата на Црно Море од Русија до приемниот терминал на турскиот брег и ќе се состои од две линии со вкупни максимални технички проектни перформанси од 31,5 милијарди кубни метри гас годишно, секоја по 15,75 милијарди кубни метри.
И турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган неодамна соопшти дека Турција и Русија постигнале договор за заедничко финансирање на изградбата на гасоводот „Турски тек“, според моделот 50:50. А со тој преддоговор беа предвидени и создавање работна група и изработка на мапи. Турскиот амбасадор во Москва, Умит Јардам, тогаш истакна дека и двете земји имаат различен поглед кон проектот, па затоа ги започнале преговорите уште пред кризата.

„Турски тек“, кој е своевидна замена за неуспешниот проект „Јужен тек“, е попривлечен проект за Македонија со оглед на тоа што главниот вод на овој гасовод од резервоарите во Грција би можел да минува низ Македонија до европските потрошувачи што не беше случај со проектот „Јужен тек“.
Инаку, министрите за надворешни работи на Македонија, Србија, Унгарија, Грција и на Турција на средбата за енергетска безбедност во Будимпешта во април, 2015 година дадоа поддршка за создавање опција за маршрута за испорака на природен гас од Турција преку териториите на овие држави, до земјите од Централна и Југоисточна Европа. Министрите потпишаа и заедничка декларација за зајакнување на енергетската соработка. Во документот тие истакнаа дека „соработката во обезбедување сигурност на снабдувањето со енергија ќе придонесе за добрососедски односи меѓу земјите и за благосостојба на граѓаните“.
Дополнително, земјава би добила на значење и од геополитички аспект со оглед на тоа што големи сили како што се Русија и Турција би станале гарант за безбедноста поради тоа што би ја штителе својата инвестиција во гасоводот.

Извор:novamakedonija

Loading...