Uncategorized ВЕСТИ СПОРТ

Почнува 21-от Мундијал во Русија

ECA

Со натпреварот помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија денес почнува 21.Светско првенство во фудбал. Дуелот на стадионот „Лужники“ во Москва е закажан за 17 часот.

Половина час порано ќе започне церемонијата на свеченото отворање, на која главна ѕвезда ќе биде поп пејачот Роби Вилијамс.

Мундијалот ќе се игра на 12 стадиони во 11 градови, на него ќе настапат 32 репрезентации, а ќе трае до 15.јули. Националните тимови се поделени во осум групи, а во нокаут фазата ќе се пласираат по две најдобри селекции од секоја група.

Група А: Русија, Саудиска Арабија, Египет, Уругвај

Група Б: Португалија, Шпанија, Мароко, Иран

Група Ц: Франција, Австралија, Перу Данска

Група Д: Аргентина, Исланд, Хрватска, Нигерија

Група Е: Бразил, Швајцарска, Костарика, Србија

Група Ф: Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја

Група Г: Белгиј, Тунис, Англија, Панама

Група Х: Полска, Сенегал, Колумбија, Јапонија

Фазата по грипи ќе заврши на 28.јуни, а нокаут рундата ќе започне на 30.јуни. Големото финале ќе се одигра во Москва на 15.јули.

Титулата светски првак ќе ја брани Германија.

Loading…
Loading...

Related posts