vesti24.mk
ВЕСТИ

По „Мира Дизел“ и Кирацоски не ја помина Антикорупциска

ECA

Дури три случаи на непотизам откри Антикорупциска при вработување на блиските луѓе на генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацоски.

Антикорупциска соопшти дека непосредно пред да се објави огласот на кој била вработена  Мирјана Јосифовска, сестра на Александар Кирацоски, во Централен регистар, со  систематизација на работните места бил зголемен бројот на советници за дистрибуција на информатички податоци од два на три, а како услов за вработување било наведено дека се бараат лица со завршен Факултет по географија со што  останатите кандидати кои се пријавиле биле дисквалификувани поради несоодветно образование.

Згора на ова, по вработувањето, Јосифовска била испратена да работи во одделението во Битола каде што и живее.

За таткото на сопругата на Кирацоски кој бил ангажиран во РЕК Битола, Антикорупцсика побара да се утврди одговорност од генералниот директор на РЕК Битола за што ќе ја информира и Владата.

„Директорот на РЕК Битола требало да објави оглас, а не да ангажира лица преку Агенција за привремени вработувања. Борче Поповски дедо на Кирацоски бил привремено ангажиран во РЕК Битола, но договорот му бил продолжен“, соопштија од ДКСК. По реакциите во јавноста, Поповски се повлече од работното место.

И бабата на Кирацоски е вработена со непотизам. Антикорупциска утврди дека мајката на сопругата на Кирацоски била вработена во училишниот дом „Мирка Гинова“ во Битола како технички секретар на работно место кое било креирано непосредно пред да биде објавен огласот.

Извор: Нова ТВ

извор:курир.мк

Loading...

Related posts