Uncategorized

По објавувањето на одлуката за избор во Службен весник, Џафери го извести Иванов за новото мнозинство

ECA
По одлуката за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието која беше објавена во денешното издание на Службениот весник, Џафери втор пат како претседател на Собранието го извести Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство.

Во емисијата 200 во Алсат, Џафери рече дека од денеска почнува десетдневниот рок кога Иванов треба да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Писмото е заверено денеска во и е упатено до архивата на Собранието, за да може да се официјализира и од формален аспект, со цел потоа да биде пратено до Кабинетот на претседателот на државата.

Уставните рокови за доделување на мандатот за поврзуваат со службеното писмо, преку кое, претседателот на Собранието го информира претседателот на државата за формирањето на ново парламентарно мнозинство во Собрание“. – изјави Талат Џафери, Претседател на Собранието

Џафери додава дека првата собраниска седница ќе биде свикана по истекот на рокот од 10 дена на претседателот за давање на мандатот. Според ова, претседателот Иванов има рок до 19 мај да му го додели мандатот на Зоран Заев. Сепак, Иванов за доделување на мандатот, од парламентарното мнозинство бара гаранции за зачувување на унитарниот карактер на Македонија.

Во наредните дена, се очекува претседателот на СДСМ, Зоран Заев да се сретне уште еднаш со претседателот Иванов за да го запознае со владината програма. Експертите сметаат дека, новото мнозинство треба уште еднаш да се сретне со Иванов.

„Тесното раководство на СДСМ да оствари средба со Иванов и да се разјасни уште еднаш евентуалната дилема која е апсолутно неоснована, наводно за уништување на унитарниот карактер на државата, и на овој начин Иванов да најде повод и да го додели мандатот.

Ако не дојде до ваква средба, јас се сомневам дека Иванов ќе го додели мандатот и на овој начин, парламентарното мнозинство ќе биде принудено да избере Влада без мандатот на Иванов“. – вели Насер Зибери, Уставен експерт

Новото мнозинство на 27 април, го избра Талат Џафери за претседател на Собранието, по што веднаш следуваше поддршка од САД и ЕУ. По истекот на рокот од 10 дена, следува фазата од 20 дена, кога мандатарот треба да извести претседателот на Собранието за програмата и составот на Владата.

Адријан Керими

 

Loading...