vesti24.mk
ВЕСТИ

Празнична временска прогноза: Утре останете дома, за време на викендот не очекува целосен пресврт

ECA

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната температура од 16 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, во попладневните часови променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до осум степени, а дневната температура до 24 степени.

Во петок во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела попладне повторно ќе има повремени врнежи од дожд проследени со грмежи.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts