vesti24.mk
ВЕСТИ

Пратеник од владеачкото мнозинство: Законот за јазици и Рамковниот се нефункционални!

ECA

Во текот на вчерашното интервју за порталот Лидер, пратеникот од коалицијата на СДСМ, Рубин Земон говореше за актуелни политички прашања и теми. Меѓу другото тој се осврна и на актуелното прашање за Законот за јазици и се согласи со Венецијанската Комисија дека овој закон не е функционален. Тој патем зборуваше и за Охридскиот рамковен договор за кој исто така рече дека е нефункционален и е во длабока криза.

-Мислам дека веќе дојде период, а веќе се свесни и главните фактори кои што го потпишаа Рамковниот договор, дека тој договор е веќе во сериозна криза и дека е нефункционален. И овој закон кој што сега го спомнавте, за јазиците, кога имавме посета ние од комисијата, не е функционален- рече Земон.

Ова може да се толкува како признание на власта дека Законот за употреба на јазици е донесен избрзано и неговата примена може да предизвика огромни проблеми во системот. Ваквата позиција на Земон е спротивна на власта која што ја завзеде пред една година кога ги правдаа носењето и примената на одредбите од законот. Критика на Законот даде и Венецијанската Комисија во нивниот драфт извештај, но претходно за истите аспекти предупредуваа и експерти и ВМРО-ДПМНЕ.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts