vesti24.mk
ЗАБАВА ТЕХНОЛОГИЈА

Првото електрично Porsche „фатено“ на видео

ECA

Porsche само делумно го маскираше својот најзначаен новитет.

Pro-street.dk објави видео на кое за прв пат може да се види целиот прототип Porsche Taycan EV и тоа во движење.

Нека не ве залажуваат двата ауспуси на задната страна, тие се ставени само да за не помисли некој дека овој болид вози на струја.

Од предната страна се гледа целиот „нос“ со препознатливите светла што јасно ќе го дистанцираат од остатокот од гамата.

Производната изведба на Taycan ќе има премиера во септември, а првите примероци ќе им бидат испорачани на купувачите до крајот на годината.

Моќниот автомобил со 600 коњски сили веќе го имаат нарачано 20.000 купувачи, па речиси и нема сомнение дека ќе биде голем хит.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts