vesti24.mk
БИЗНИС ВЕСТИ

Прв OUTLET за млади користени возила со премиум квалитет и гарантирани километри

ECA

Долгогодишното искуство во автомобилската индустрија и континуираната работа со клиенти (приватни лица и компании ), сопственици на возила од брендовите на Опел, Шевролет, Форд, Волво и останати брендови и типови возила беа извонредна основа за да се роди Olympia Motors Outlet – новосоздадена компанија која во фокусот ги има оние заради кои постои-­‐своите клиенти.

Раководејќи ги компаниите Олимпиа Моторс и Ми-­‐Да Моторс, основачите кои воедно се и менаџмент партнери на Olympia Motors Outlet, секој одделно гради визија и стремеж високите бренд стандарди да ги пренасочи кон една друга потенцијална сфера т.е. кон неговото височество -­‐ задоволниот купувач на користено возило истовремено посветувајќи се и кон градење на извонредност во своето работење со цел станување лидер во оваа дејност. Нивната визија е реализирана преку почетоците на новиот бренд Olympia Motors Outlet (ОМО) кој има за цел да ги обедини на едно место клиентите од повеќе целни групи. Во ОМО своето омилено превозно средство ќе го побараат и добијат и конзументите на патнички и комерцијални како и премиум возила од различни добавувачи.

комерцијален текст

Покрај стандардната понуда на возила од сопствениот богат асортиман, бизнис моделот на ОМО на своите клиенти ќе им овозможи и различни можности за финансирање, откуп на нивното возило, замена на староto за Outlet возило, посредување во продажба на возило, долгорочно изнајмување како и нарачка на возило според желбитеи/или потребите на клиентот.

Преку обезбедување на премиум услуга и висококвалитетни продукти со потврден и гарантиран квалитет и потекло ќе ја постигнеме својата компаниска мисија-­‐ да го промениме искуството на купувачот при купување на половно возило и да поставиме нови стандарди во привлекување на клиенти и продажба на користени возила.

Вредностите на ОМО сосредоточени во целост врз грижата за корисници, а воеднои неговата ценовна политика, неговиот тим на професионалци, понудата на доверливи возила, но пред сѐ неговото долгогодишно искуство се факти кои со сигурност ќе го сменат ликот на индустријата на користени возила. Со своето формирање и во своето понатамошно делување ОМО ќе го внесе искуството, посветеноста и професионализмот доведувајќи ги до едно уште повисоко ниво на оперативност и успешност, а преку 20.000-­‐те задоволни клиенти веќе претставуваат повеќе од доволен доказ и извонреден почеток за сигурна реализација на нашата визија.

скопјеинфо

Loading...

Related posts