Uncategorized

Превртен автомобил во сообраќајка на „Партизанска„

ECA

Вчера на улицата Партизанска во Битола, во 15:10 часот се случи сообраќајна незгода.

Од СВР Битола информираат дека незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило Шевролет Спарк и патничко моторно возило Рено Твинго. Според информациите, возачот на „Спаркот“ се здобил со телесни повреди, набиеници на главата и телото.

Увид на местото на настанот е извршен од страна на екипа на ПС БПС Битола, а за настанот е известен и Јавниот обвинител.

СВР Битола работи на случајот на откривање на причините за настанување на незгодата.

Press24.mk

Loading...