vesti24.mk
ЗАБАВА

Пред нас е голем празник: За здравје и благосостојба испочитувајте го ова

ECA

Во сабота се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.

Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај.

Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се верува дека ќе им трнат рацете цела година.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts