vesti24.mk
ЖИВОТ ЗАБАВА

Прекрасно видео поради кое ќе ги исклучите социјалните мрежи и ќе ги прегрнете луѓето кои ги сакате

ECA

Една прекрасна божиќна реклама која веќе има над 12 милиони прегледи на ЈуТуб, нѐ потсеќа колку е краток животот и колку е важно да ги поминуваме нашите минути со луѓето кои ги сакаме.

Рекламата е за ликерот Ruavieja и е направена од маркетинг агенцијата „Лео Бурнет“ од Мадрид. Името на рекламата е „Мора да се гледаме почесто“ и се фокусира на важноста на меѓучовечките односи во свет кој често е преплавен од технологија.

Во видеото, еден човек зборува со луѓе кои се различно поврзани меѓу себе: пријатели од детство, две сестри, мајка и син и други. Човекот ги прашува колку често се гледаат меѓу себе и врз основа на неколку фактори, преку алгоритам пресметува уште колку денови им останува да се гледаат и да поминуваат време заедно. На крајот на видеото можете да ја видите веб-страната на која и вие можете да пресметате уште колку време ви останува со саканите луѓе.

Хуан Гарсија Ескудеро, главниот креативен шеф во маркетинг агенцијата, вели: „Тоа е она што го прави видеото. Ви ги отвора очите пред сопствената реалност.“

Подолу погледнете го видеото:

извор:курир.мк

Loading...

Related posts