vesti24.mk
ВЕСТИ

Претрес во Куманово- приведено едно лице за недозволено поседување оружје

ECA

Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во Куманово го лишиле од слобода М.З.(29) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, превидено и казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, по насоки од Одделот за криминалистичка полиција и добиена наредба од Основен суд Куманово извршен е претрес кај М.З., при што се пронајдени и одземени два пиштола и рамка со 7 боеви куршуми, кои ги поседувал без дозвола.

М.З. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts