vesti24.mk
КУЛТУРА

Признанија за ,,Дони Дарк” и од граѓанското општество

ECA

Претставата „Галеб“ од А.П. Чехов во режија на Нина Николиќ премиерно ќе биде изведена на 18 декември, во 20 часот, на големата сцена во МНТ.

Станува збор за трето поставување на текстот „Галеб“, напишан од еден од најголемите руски и светски драматичари, Антон Павлович Чехов (1860-1904), во 73-годишната историја на Македонски народен театар. Претходно „Галеб“ го поставиле режисерите Димитар Ќостаров, во 1960 година, и Бранко Ставрев во 1990 година.

Нагласувајќи дека станува збор за дело од светската класика, режисерката Нина Николиќ за својата верзија на „Галеб“ вели:
„’Галеб‘ е текст за храброста на младите генерации автори во борбата со оние кои заминуваат од културната сцена, а кои сѐ уште се борат да ги задржат своите позиции во уметничките/театарските кругови и во општеството. Станува збор за текст во кој е јасно нагласено дека човек мора до крај да се бори за она во што верува и за она кое природно му следува“, додавајќи дека од друга страна „драмата содржи приказна актуелна за сите нас, луѓето,кои копнееме за возвратена љубов, но и кои сме подготвени до крај да се бориме за невозвратената или неостварливата љубов во која веруваме. Драмата раскажува приказни кои се универзални и кои се движечка сила на човекот воопшто бидејќи ништо не се променило од пред 120 години кога Чехов го напишал текстот“.

Во претставата играат Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Емил Рубен, Благој Веселинов, Сашка Димитровска, Славиша Кајевски, Тина Трпкоска, Дамјан Цветановски и Аксел Мехмед.

Во поставувањето на претставата учествуваше меѓународна екипа на соработници, меѓу кои сценографот Вишња Вујовиќ од Србија, дизајнерот на светло Крис Јегер од Велика Британија и кореографот Димитрис Сотириу од Грција. Композитор на главната музичка тема во претставата е македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски. Постојани соработници на повеќе претстави на Нина Николиќ се драматургот Драгана Лукан Николоски и костимографот Ивана Каранфиловска – Угуровска.

Loading...

Related posts