vesti24.mk
ВЕСТИ

Продолжени се јунската и септемвриската сесија, важни информации за студентите на УКИМ

ECA

Јунската испитна сесија на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ е продолжена за две недели, односно, наместо да трае од 1 до 30 јуни, се продолжува до 14 јули. Ова вчера е одлучено на седница на Ректорската управа. Студентите ќе добијат и можност за дополнително продолжување на сесиите, со одлука на самите факултети, известуваат од Универзитетското студентско собрание.

Септемвриската испитна сесија, пак, се продолжува и ќе трае од 17 август до 25 септември – со можност за започнување на сесијата пред 17 август, исто така, со одлука на факултетите. Вообичаено, септемвриската сесија се реализира од 1 до 25 септември.

Во академскиот календар се предвиде можност факултетите дополнително да ги продолжат сесиите како би имале можност за соодветно организирање на сесијата и/или реализација на практичната настава.

– Организирањето на сесијата и распоредот за полагање се во надлежност на факултетите и факултетските студентски собранија. Сите студенти во најкус можен рок ќе добијат распоред за организирање на сесијата и полагање на испитите. Краткиот период од 19 мај до 1 јуни не треба да предизвикува паника, бидејќи факултетите во соработка со факултетските студентски собранија ќе ја организираат сесијата на начин кој им одговара на студентите и ќе одредат повеќе термини за полагање кои ќе бидат распределени за целото времетраење на сесијата – велат од УСС-УКИМ.

Студентите на следната седница на Ректорската управа ќе достават предлог за измени на постоечките акти како би се овозможило продолжување на роковите за премин во следниот семестар, запишување предмети кои се условени и презапишување на неположените предмети.

Исто така, факултетите ќе можат да ги организираат испитите со физичко присуство и онлајн во зависност од карактеристиките на предметот и предметната програма. Пријавувањето на испитите ќе биде онлајн за што студентите добија или ќе добијат известување преку имејл.

УСС-УКИМ изразува и убедување дека со оглед на оваа одлука, очекуваат дека наскоро ќе добијат информација за отворање на студентските домови. Тие бараат студентските домови да останат отворени за студентите во текот на целиот летен период.

Извор: ФАКУЛТЕТИ

извор:курир.мк

Loading...

Related posts