vesti24.mk
КУЛТУРА

Промоција на „Сигрид и Ноќта“ и работилница за анимација со шведскиот режисер и писател Јонс Мелгрен

ECA

Издавачката куќа „Гаврош“, во соработка со Амбасадата на Шведска, во понеделник во 18 часот во клубот „Менада“ ќе одржи промоција  на македонскиот превод на сликовницата “Сигрид и Ноќта” на шведскиот автор Јонс Мелгрен кој ќе биде гостин на вечерта.  Преводот на делото  е на Лилјана Илиевска, а книгата ќе ја промовира д-р. Кирил Пенушлиски.

Јонс Мелгрен e режисер, професор, илустратор и писател од Стокхолм, Шведска. Автор е на шест сликовници за деца и повеќе кратки анимирани филмови.

“Сигрид и Ноќта” е приказна за едно чудно пријателство. Покрај тоа што е приказна за добра ноќ, ова е четиво и за возрасните читатели, кои ќе ги поттикне да размислуваат за загубата, тагата и за мирниот сон во современата ера на несоница. Како што честопати тоа е случај со Шведската литература за деца, авторите не бегаат од “темите за возрасни” во приказните за деца, напротив тие ги доближуваат до детската публика“.

Авторот Мелгрен, во Скопје во текот на три дена ќе одржи работилници за стоп анимација во просториите на Менада.

„За време на работилницата ќе креираме, осветлиме и анимираме макета на пејзаж. Фокусот ќе биде свртен кон тоа како да се создаде сет за стоп-анимација и предизвиците што доаѓаат со тоа, од теориска и практична природа. Оваа работилница нуди вовед во нештата што треба да се имаат предвид кога се работи сет за анимиран филм. Истовремено ќе вклучиме разни визуелни трикови од светот на театарот и филмот“, информираат од издавачката куќа „Гаврош“.

Работилницата ќе трае од три дена во континуитет, од 09:00-17:00h, со најмногу 20 учесници во еден ден.

Loading...

Related posts