vesti24.mk
ЗАБАВА

Пронајден досега нелоциран древен град во Грција

ECA

Грчкото Министерство за култура соопшти дека археолози ги пронашле првите остатоци од изгубениот древен град Тенеа. Во тој град, според преданијата, биле сместени тројански воени заробеници по заземањето на Троја од древните Хелени.

Ископувањата спроведени во септември и почетокот на октомври, на полуостровот Пелопонез, како што известуваат надлежните, посочуваат „докази за постоењето на древниот град”, што досега беше познат само од древни записи.

Главниот археолог Елена Корка изјави дека се откриени ѕидови, рамки на врати, подови и домашна керамика, која датира од 4. век пред Христа, па до доцната римска епоха. Пронајдени се и некрополи (гробници).

Археолошките ископувања продолжуваат.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts