vesti24.mk
КУЛТУРА

Работна средба на министерот за култура, Адеми, со амбасадорката на Австрија во Македонија, Коблер

ECA

На програмата на КРИК, фестивал за критичка култура, во Музејот на современа уметност ќе се одржи предавање и разговор на тема „Заедници вон капитализмот: криптовалути, задруги и хоризонтала“.

Од 19 до 20:30 часот ќе се одржи предавање „Дали криптовалутите можат да придонесат во создавање на нов модел на производство на Крестон Дејвис (САД)“. Во првиот дел од своето предавање Крестон Дејвис ги истражува историјата и основните причини за неуспехот на либералната демократија од економско, политичко и културно гледиште. Во вториот дел тој ќе ја анализира организацијата на алтернативата на неолиберално-фашистичката моќ преку транснационалниот образовно-економски („едуменски“) систем на производство заснован на: (a) крипто; и (б) кооперативниот модел на сопственост, како што се, на пример, Fair-Coop и Глобалниот центар за напредни студии (GCAS).

Крестон Дејвис е основач и директор на GCAS. Заедно со Славој Жижек, Клејтон Крокет и Џефри Робинс, во моментов ги коуредува Insurrections: Critical Studies in Religion, Politics & Culture (академска серија книги објавени од Columbia University Press). Има објавено повеќе книги, вклучувајќи го Paul’s New Moment (заедно со Славој Жижек и Џон Милбанк), The Monstrosity of Christ, Hegel & the Infinite (заедно со Жижек и Клејтон Крокет), Theology & the Political (заедно со Жижек и Милбанк), Theology after Lacan: A Passion for the Real (заедно со Маркус Паунд и Крокет), и Contradiction & America (заедно со Ален Бадиу). Неговите дела се објавени во Rethinking Marxism, Angelaki, Political Theology, Philosophy Today и други списанија. Го има напишано предговорот на Philosophical Temperaments: From Plato to Foucault and co-edited New Slant од Петер Слотерџик (академска серија книги објавени од Duke University Press). Покрај академските списи, тој пишува и за The European Magazine, Al Jazeera, Truthout, и The Huffington Post, а има напишано два романи (кои претстојат). Крестон Дејвис е, исто така, професор по филозофија на Alma Mater Europaea.

Од 20:30 до 22 часот ќе се одржи презентација – Одбегнување на исклучувањето во финансиите и економијата, алтернативни решенија: FAIRCOOP и BANK OF THE COMMONS. Целта на постоењето на Fair-Coop е да се создаде нов, иновативен, глобален, економски систем од самиот почеток, во корист на еден алтернативен и посткапиталистички модел кој би отворил пат кон колективна промена и заеднички соживот. Соработка, солидарност и транспарентност се основни средства за создавање на вистински правен систем, еднаков за сите. Клучни фактори за нивниот успех се развојот и употребата на моќни меѓусебно поврзани дигитални алатки (глобално) и регионални мрежи (локално). Тие ги користат времето и енергија конструктивно и заеднички создаваат вистински алтернативи, преку примена на теориите во реалноста. Нивната цел е создавање  глобална мрежа на самоорганизирани и самуправувачки локални заедници и поединци, независни во однос на насилната централизирана моќ и ограничувањата од истата.
Акциите на Fair-Coop заедницата се засноваат на три главни гранки на веќе постоечките принципи: Integral Revolution, P2P Collaboration, Hacker Ethics.

В сабота (15 декември) на КРИК 03 гостува познатата теоретичарка Ана Вујановиќ (Србија/Германија), која во МСУ, со почеток од 19,30 часот ќе одржи предавање на тема „Неколку размисли за под-идентитетот“.

Во моментот на преиспитување на општествените категории, како што се нацијата и мноштвото, Ана Вујановиќ во своето предавање ќе отвори нови перспективи во промислувањето на идентитетите. Неодамна, идентитетските политики повторно станаа актуелни во уметноста и пошироко. Тоа може да биде корисен либерален и централно-лев инструмент во актуелниот европски контекст, кој се дефинирана со подем на десничарската политика и бегалската криза. Сепак, полемичкото прашање на Вујановиќ е дали политиката на идентитетот е најефикасниот инструмент за борба против екстремно десничарскиот национализам и популизам или можеби треба сите заедно да го смениме речникот. Со своето предавање, Вујановиќ сака да ја нагласи важноста да мисли „перформативноста на отпорот како гест на измислување нови, солидарни политички и социо-културни наративи“. Токму затоа таа предлага да се продлабочат разбирањето на индивидуата и сингуларноста како подидентитетски категории на заедничкото. Низ предавањето ќе се акцентираат некои предлози што произлегуваат од современиот танц и изведувачките уметности, како што се оние од Лигија Луис и Дорис Улих, преку тезите за пре- и транс-индивидуалност на Пол Вирно, Гилберт Симонун и раните фази на Маркс.

Loading...

Related posts