vesti24.mk
ЗАБАВА

Рекордна цена за гулаб писмоносец: Армандо продаден за 1,25 милиони евра

ECA

Гулаб писмоносец трениран во Белгија и ѕвезда во својата работа, продаден беше синоќа на аукција преку интернет за рекордни 1.25 милиони евра.

Со тоа, се закити со титула – најскапа птица во светот.

Сајтот Pigeon Paradise објави рекордна цена која е постигната за фламанскиот гулаб Армандо одгледан од Јоел Верхот еден од најугледните во својот бизнис.

– Конечната цена е 1.25 милиони евра, објавија од сајтот без да го нагласат името на купувачот.

Белгиски медиуми тврдат дека станува збро за Кинез кој „најверојатно гулабот ќе го користи за репродукција за да се добијат нови шампиони“. Семејството Верхот на аукции преку интернет продале 178 гулаби за околу 2 милиони евра.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts