vesti24.mk
ЗАБАВА

Рецепт на денот: Пролетни крокети од компири

ECA

Топло и вкусно – одлична идеја за предјадење или оброк комбиниран со салата. Состојки: 500 гр компири 4 парчиња млад кромид 100 гр кашкавал 1 јајце Презла 2 лажици брашно Сол и бибер Масло Начин на подготовка: Сварете ги компирите во посолена вода, и исечкајте го младиот кромид. Направете пире откако ќе се изладат компирите. Додајте рендан кашкавал, млад кромид, јајце, брашно, сол и бибер. Од добиената смесата, со навлажнети раце формирајте крокети, ставете ги во презла и оставете ги да отстојат во фрижидер најмалку половина час. Пржете ги на масло од сите страни за да добијат златеста боја. извор:курир.мк

Loading...

Related posts