ВЕСТИ СВЕТ

Руски тајкун пет дена се претворал дека е бездомник, а потоа почнал на луѓето да им дели милиони (Видео)

ECA

Александар Рослијаков е руски милјардер кој направил нешто невидено за што многумина се чудат и зборуваат во Русија. Тој во својот џеб имал само 1000 рубљи (околу 15 евра), кога се пријавил во  реалното шоу “Таен милионер” кое било емитувано пред шест месец.

Тој морал пет дена да се претвора во учител кој нема куќа, иако секоја зима тој ја поминува на Бали, а парите му се најмал проблем.

Првата ноќ ја поминал во прифатилиште за бездомници чии основачи се Денис и Елена Тсои. После престојот  таму, Александар решил на овој пар да им ја поклони својата луксузна вила вредна 111.000 евра. Тие од луксузната вила која ја добиле на поклон направиле засолниште за бездомници во кое сега живеат 27 лица. Кога им соопштил за подарокот тие останале шокирани.

Во ова престојувалиште милијардерот го запознал писателот Арсениј Јанков. Александар на него му поклонил стан и договор со издавачка куќа која ќе ја објави неговата книга. Арсениј сега пишува нова книга насловена “Втора шанса” во која ќе го опишува својот живот вклучувајќи ја и средбата со Александар.

И една самохрана мајка со своите четири деца беше почестена со преубав подарок од Александар. Светлана пред да го запознае Александар лутала по изнајмени станови со своите четири деца и единствени работи кои ги иамле биле кревет и куфер со спомени. Таа добила конечно кров над глава. Покрај четворособниот стан, Александар на Светлана и поклонил и милион рубљи (околу 15.000 евра).

Уште 15.000 евра тој подарил на Андреј и Наталија, млад брачен пар чие дете боледува од хидроцефалус. Парите кои ги добиле тие ќе ги потрошат на лекување на своето дете од кое не се откажуваат и покрај тоа што лекарите им го велат спротивното.

За време на снимањето на емисијата Александар морал да работи доколку сакал да добие храна. Па така тој работел во прифатилиштето за кучиња “Валента”, а  Александар и тука оставил поклон од 15.000 евра.

Александар со ова покажал колку великодушен човек е, а покрај на споменатите подарил многу подароци и ан други луѓе што ги запознал за време на снимањето на емисијата.

Сепак тој увидел и кои му се вистински пријатели. Многумина му свртиле грб бидејќи биле налутени дека тие не добиле никакви подароци.

Loading...

Related posts