ЗАБАВА

Сам во џунгла 22 години: Последен преживеан член на исчезнатото племе (ВИДЕО)

ECA

На интернет се појави видео снимка на која може да се види последниот преживеан член на племе кој веќе 22 години живее сам во џунгла.

Педесет и петгодишниот маж живее сам во Амазон веќе 22 години, откако е убиен последниот член од неговото племе, а медиумите го познаа најосамениот човек во светот.

На видео-снимката која е направена од близина, и која е објавена од страна на бразилската владина агенција, Фунаи, може да се види полугол мускулест маж кој сече дрво.

Во делот од џунглата каде што е снимен, а се претпоставува и дека живее таму, постојат папаја и пчена, а живеалиштето му е направено од дрво.

Како што пишува Дејли Мејл, истражувачите последен пат го виделе во џунглата во 1996. година, откога веројатно живее сам во дивината.

-Мислиме дека таму живее сам 22 години, оти има околу 50 години и дека времето го поминува ловејќи свињи, птици и мајмуни со помош на лак и стрела, открива еден од истражувачите кој е фасциниран од овој човек.

Иако никој не можел да стапи во контакт со него, зашто тоа го забранува бразилската агенција за домородци, Фунаи, истражувачите сметаат дека мажот останал сам откако последните членови од неговото племе се убиени од страна на фармери.

Поради евидентната забрана, се уште не е откриено неговото име, ниту на кое племе припаѓа.

Сепак, тој е под постано следење од 1996. година, па досега се открило оти последниот преживеан член копа дупки во земјата во кои, како што се претпоставува, заробува животни или се крие. Тој добил и прекар, Човекот во дупка.

Истражувачите велат дека на тој начин знаат дали тој е уште жив, како и каде се крие.

Интересно е што овој маж успеал повеќе од две децении да живее надвор од цивилизација на земјата која е посакувана од страна на фармерите. Како што наведуваат од агенцијата Фунаи, се претпоставува дека во бразилскиот дел на Амазон постојат 113 племиња.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts