vesti24.mk
ЗАБАВА

Светот полуди по новиот моден хит: Се повеќе невести го бараат овој детаљ на своите венчаници кој е многу практичен (ФОТО)

ECA

Совршен фустан за совршениот ден е сон на секоја невеста. Кога планираат како ќе им изгледа венчаницата, многу невести се одлучуваат за практичен фустан и затоа не е зачудувачки фактот што некои од нив избираат модел со џебови.

Џебовите полека почнаа да ги освојуваат сите, па така стигнаа и до венчаниците. Се поголем број дизајнери одлучуваат да ги додадат во своите креации, а некои веруваат и дека овој тренд ќе продолжи и понатаму.

Овие џебови се совршени за мобилен телефон, кармин за уста или марамчиња кои секоја невеста сака да ги има покрај себе. Некои невести ги користат овие џебови и за да ги одморат своите раце или за да ги чуваат парите.

извор:курир.мк

Loading...

Related posts