Uncategorized

Сестри близначки се скарале и изболе со кујнски ножеви

ECA

Во петокот околу 13.30 часот во Скопје на улица „Водњанска“ дошло до расправија помеѓу сестрите М.П. (52) и М.П. (52), при што со кујнски ножеви се нанеле по неколку убодни рани една на друга. Истите се хоспитализирани во Ургентен центар Скопје.

Кај една од сестрите била констатирана тешка телесна повреда – крварење од белодробно крило, додека за карактерот на повредите на другата сестра дополнително ќе се произнесат од Ургентниот центар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

крај/мф/бс

Loading...